Две од најголемите ѕвезди во шпанската фудбалска репрезентација, Жерард Пике и Серхио Рамос, подолг период важеа за големи непријатели, но тоа е минато ако се суди според твитот што го објави дефанзивецот на Барселона по денешната победа над Чешка на Европското првенство во Франција.
Колегите од националниот тим долго време се препукуваа преку социјалните мрежи, пред се, поради големото ривалство помеѓу нивните клубови, Барселона и Реал Мадрид. Пике објави фотографија како двајцата заедно го прославуваат неговиот гол, со кој Шпанија победи со 1:0
„Претпоставувам дека нема што повеќе да се каже… Ние сме фантастичен тим! Одличен ден за сите “, напиша Пике покрај фотографијата.
Supongo que no hace falta decir nada más… Somos un magnífico equipo! Un gran día para todos. pic.twitter.com/QuZGPcCwrH
— Gerard Piqué (@3gerardpique) June 13, 2016