Шарената рволуција повикува на протест за поддршка на приведениот активист Павле Богоевски. Него полицијата го приведе од кејот на Вардар спроти Музејот на македонската борба, каде што во тек е пославата по повод 26 години ВМРО-ДПМНЕ.
„Вечерва е уапсен нашиот соборец Павле Богоевски. При апсењето припадници на ЕБР примениле сила и насилство. Павле е уапсен во момент кога со нашите соборци сакале да прострат платно со протестна порака на јавен простор. Прогонот продолжува.
Граѓанки и граѓани, дојдете најбрзо што можете пред полициската станица Пролет во Скопје за да побараме итно ослободување на Павле! Вечерва е уапсен нашиот соборец Павле Богоевски додека ненасилно протестирал. Режимот продолжува да апси правдољубни граѓани додека криминалците се на власт. Пајо моментално е во П.С. Пролет, дојдете најбрзо што можете за поддршка“, повика Шарената револуција.
На апсењето претходеше препирка со полицијата кога активистите на Шарена револуција се обидоа од плоштадот преку Камен мост да тргнат кон Музејот. Полицијата не дозволи никој да тргне во таа насока, ги пропушатше само пешаците што доаѓаа од спротивната насока.
Тогаш активистите на Шарената револуција се обидоа на кејот на Вардар да постават транспаренти, но полцијата ги спречи и почна да апси.