ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА ДА ГО ГОНИ ГАЗДАТА НА МЕНУВАЧНИЦАТА ВО КИСЕЛА ВОДА, ГИ УБИЛ ДВЕТЕ ЛИЦА ВО САМООДБРАНА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА ДА ГО ГОНИ ГАЗДАТА НА МЕНУВАЧНИЦАТА ВО КИСЕЛА ВОДА, ГИ УБИЛ ДВЕТЕ ЛИЦА ВО САМООДБРАНАОд анализата на сите докази прибрани во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител оцени дека осомничениот немал претходно формирана намера некого да лиши од живот, туку делувал исклучиво во нужна одбрана, со цел да го заштити својот живот, своето здравје и имот“, велат од Јавното обвинителство. (архивска фотографија/СДК.МК)

    Газдата на менувачницата во скопска Кисела Вода, кој лани на 27 ноември уби две лица кои вооружени сакаа да го ограбат, нема да одговара бидејќи пукал во самоодбрана, информираа од Основното јавно обвинителство.

    Надлежен јавен обвинител донел решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи постојат други околности што го исклучуваат гонењето, односно правото на нужна одбрана согласно член 9 од Кривичниот законик.

    „Против лицето, од страна на Министерството за внатрешни работи беше поднесена пријава за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.3 од Кривичниот законик. Пријавениот, инаку сопственик на менувачницата, со пиштол кој го поседувал со дозвола, лишил од живот две лица кои насилно влегле, му се заканиле вооружени со пиштоли, му нанеле повеќе удари во пределот на главата и грбот и се обиделе да извршат кривично дело разбојништво во менувачницата“, се вели во соопштението на Обвинителството.

    Обвинителството во текот на постапката, меѓу другите докази,прибавило и вешт наод и мислење за пресметливоста на осомничениот, во кој било констатирано дека тој бил психофизички здрав и пресметлив, но дека во него се развил интензивен страв за сопственото здравје и живот, кој кулминирал кога двете лица влегле зад пултот на менувачницата и започнале да вршат физичко насилство врз него.

    „Од анализата на сите докази прибрани во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител оцени дека осомничениот немал претходно формирана намера некого да лиши од живот, туку делувал исклучиво во нужна одбрана, со цел да го заштити својот живот, своето здравје и имот. Притоа, одбраната била преземена во истиот момент кога бил и нападот и таа е сразмерна на нападот, со што се исполнети елементите на институтот – нужна одбрана, кој не дозволува лицето да биде гонето за кривично дело убиство“, додаваат од Јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира