ЗАМЕНИК-ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД ЏОН САЛИВЕН ГИ ПОФАЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ГЛАСАА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

    ЗАМЕНИК-ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД ЏОН САЛИВЕН ГИ ПОФАЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ГЛАСАА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПАНе е тајна дека Русија се спротивставува на Преспанската спогодба и никој нема сомнеж дека ќе направи сè што може да биде во сопствен интерес за да го поткопа спроведувањето на Договорот од Преспа. САД ќе ги поддржи сите активности на сите влади во откривањето на активностите на Русија за да ги поткопа демократските процеси“. - Од заедничката прес-конференција на премиерот Зоран Заев и заменик-државниот секретар на САД Џон Саливен во Владата (Фото: Ѓ. Личовски)

    САД силно го поддржуваат спроведувањето Договорот од Преспа за решавање на спорот со кој Република Македонија ќе го земе заслужено местото во НАТО како Република Северна Македонија, изјави заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата.

    „Република Македонија е лидер во регионот поради нејзините заложби за мир, стабилност и соработка. Изразувам пофалби за премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров како и за храброто лидерство на оние пратеници во Собранието кои со своите гласови го презедоа потребниот чекор за обезбедување посветла иднина за Македонија и ја ставија вашата земја на патот кон побезбедна иднина. Поттикнуваме повеќе пратеници да ги остават настрана партиските интереси. Нема друга алтернатива“, рече Саливен.

    Заев рече дека имплементацијата на Договорот од Преспа е билет за Македонија за влез во НАТО, и се надева дека до средината на 2019 година мора да се испорачаат резултати за во јуни започнат преговорите за влез во ЕУ.

    Саливен на прашање за мешањето на Русија во регионот и противењето на Договорот од Преспа во Македонија рече дека не е тајна дека Русија се меша во регионот и дека е против Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.

    „Горд сум што стојам тука во име на САД да дадам поддршка за она што Владата и граѓаните на Република Македонија го сакаат, а тоа е влез во ЕУ и НАТО. Не сме тука да потпалуваме нешто, туку да ги поддржиме легитимните одлуки на храброто лидерство на премиерите на двете земји. Не е тајна дека Русија се спротивставува на Преспанската спогодба и никој нема сомнеж дека ќе направи сè што може да биде во сопствен интерес за да го поткопа спроведувањето на Договорот од Преспа. САД ќе ги поддржи сите активности на сите влади во откривањето на активностите на Русија за да ги поткопа демократските процеси“, рече Саливен.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира