Американската академија за филмска уметност и наука го објави првичниот потесен избор кандидaти за Оскар во повеќе категории, меѓу кои и листата со девет кандидати за најдобар странски филм. Меѓу деветте кандидати, од кои подоцна ќе се изберат 5 номинирани, се мексиканскиот „Рома“ на оскаровецот Алфонсо Куарон, „Горење“ на Ли Чанг-донг од Јужна Кореја, полскиот „Студена војна“ на оскаровецот Павел Павликовски, либанскиот „Капернаум“ на Надин Лабаки, јапонскиот „Крадци“ на Хироказу Коре-еда, колумбискиот „Птици преселници“ на Кристина Галјего и Сиро Гера, данскиот „Виновникот“ на Густав Малер, германскиот „Не гледај на страна“ на Флоријан Хенкел фон Донерсмарк и „Ајка“ на Сергеј Дворцевој од Казахстан.
Македонски кандидат беше „Исцелител“, дебито на режисерот Ѓорче Ставрески.
Се верува дека „Рома“ ќе добие и номинација за најдобар филм, а пак „Горење“, кој е снимен според роман на Харуки Мураками , може да биде првиот филм од Јужна Кореја со номинација за Оскар.
Номинациите ќе бидат објавени на 22 јануари, еден месец пред доделувањето на Оскарите на 24 февруари.