СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ НА УШТЕ ЕДНА СРЕДБА СО ФИЛИПЧЕ ЗА ДА СЕ ДОГОВОРАТ ОКОЛУ ПРОМЕНА НА ПРОЦЕНТОТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

    СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ НА УШТЕ ЕДНА СРЕДБА СО ФИЛИПЧЕ ЗА ДА СЕ ДОГОВОРАТ ОКОЛУ ПРОМЕНА НА ПРОЦЕНТОТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ„Деновиве треба да направиме пресметки што ќе значи ако се земе еден или два проценти од зголемување на платите кај докторите и да се додаде кај медицинските сестри, и на средбата во петок ќе ги разгледаме тие бројки“, вели министерот за здравство Венко Филипче. - Од протестот за зголемување на цената за паркинг (фото: СДК.МК)

    Начелна согласност околу промена на процентот на зголемување на платите од Нова година за вработените во Клиничкиот центар е постигната на денешната средба на Самостојниот синдикат на клиничките центри со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Уште една средба на синдикатот министерот за здравство Венко Филипче е договорена за во петок.

    „Имаме начелна согласност да се направи прераспределба во процентите во рамки на средствата, кои ни се одобрени во буџетот за зголемување на платите, што всушност беше и мој првичен предлог. Буџетот веќе е затворен и тука не може да се интервенира со дополнителни средства во делот за плати. Деновиве треба да направиме пресметки што ќе значи ако се земе еден или два проценти од зголемување на платите кај докторите и да се додаде кај медицинските сестри, и на средбата во петок ќе ги разгледаме тие бројки“, вели министерот Филипче.

    Тој рече дека овие пресметки ќе ги направат заедно со Фондот за здравство.

    „Исто така се договоривме по изминување на првиот квартал да се определат и дополнителни средства за зголемување на платите од растот на бруто домашниот производ“, рече Филипче.

    Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во клиничкот центар, Горан беговиќ вели дека средбата минала во конструктивна атмосфера и дека добиле ветување од премиерот за ново зголемување на платите по првите три месеци од годината, доколку растот на економијата продолжи, како што е овие два месеци.

    До оваа средба дојде по протестот на вработените во Клиничкиот центар по одлуката на Град Скопје да им ја зголеми цената на месечниот билет за паркирање од 300 на 800 денари. Откако немаше решение околу нивното барање да се поништи одлуката побараа разговор со премиерот за да го искажат незадоволството од најавеното зголемување на платите за здравствените работници од јануари следната година, со кое се предвидува зголемување на платите на докторите за 10 отсто, а на медицинските сестри за 5 отсто.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира