САМО ОСУМ ОТСТО ОД ХОЛИВУДСКИТЕ ХИТОВИ СЕ РЕЖИРАНИ ОД ЖЕНИ

    САМО ОСУМ ОТСТО ОД ХОЛИВУДСКИТЕ ХИТОВИ СЕ РЕЖИРАНИ ОД ЖЕНИРежисерката Пети Џенкинс на снимањето на „Вондер воман“. (Фото: Ворнер Брос)

    Само осум отсто од холивудските блокбастери во 2018 година се режирани од жени, што е пад од 11-те отсто од минатата година, и поради големите напори да се подобри родовата еднаквост во филмската индустрија.

    Процентот е речиси непроменет од пред две децении, според едно неодамнешно истражување кое откри „радикално недоволна застапеност на жените во оваа индустрија“.

    „Студијата не дава докази дека комерцијалната филмска индустрија доживеала длабока позитивна промена, која лани беше предвидена од толку многу набљудувачи на филмската индустрија“, вели авторката на истражувањето Марта Лаузен, извршна директорка на Центарот за истражување на жените во телевизијата и филмот на Универзитетот Сан Диего.

    Обвинувањата за сексуално вознемирување во Холивуд станаа актуелни во втората половина во 2017 година, со повици да се охрабрат жените во сите нивоа од светот на шоу-бизнисот. Сепак, во 2018 година, жените снимија само 8 проценти од 250-те најуспешни холивудски филмови, што е помалку од 9-те отсто во 1998 година.

    Вкупниот процент на жени со сите функции зад камерите е пораснат за 20 отсто, за разлика од 18 отсто во 2017 година. Најчесто жените биле ангажирани како продуцентки, речиси 26 отсто од вкупната бројка. Само 4 отсто од кинематограферите биле жени.

    „Оваа радикална недоволна застапеност најверојатно нема да биде исправена од доброволните напори на неколку личности или едно филмско студио. Без големи напори од главните играчи: студијата, агенциите за таленти и асоцијациите, веројатно нема да видиме значајни промени“, вели Лаузен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира