ДЕСЕТИЦИ КУМАНОВЦИ ДНЕВНО СЕ ПОВРЕДУВААТ НА ЗАМРЗНАТИТЕ УЛИЦИ И ТРОТОАРИ

    ДЕСЕТИЦИ КУМАНОВЦИ ДНЕВНО СЕ ПОВРЕДУВААТ НА ЗАМРЗНАТИТЕ УЛИЦИ И ТРОТОАРИКумановци се жалат дека се исчистени само тротоарите и улиците во тесното градско подрачје (Фото: СДК.МК)

    За трeтина е зголемен бројот на пациенти во Ургентниот центар Куманово, кои бараат помош поради повреди по пад на снег или мраз. Хирурзите велат дека последните петнаесетина дена имаат полни раце работа, прво со повредени во сообраќајни несреќи, а откако падна снег, најмногу со скршеници.

    „Во просек примаме 100 пациенти дневно, од кои 80 се со повреда од пад. За 30 отсто е зголемен бројот на пациенти со фрактури. Се работи за голем број повреди, но релативно полесни. Најзасегната е популацијата од 60 до 70 години, но има и помлади. Паѓаат дома додека чистат снег, на улица, на тротоар, нема правило“, вели Радомир Гелевски, шеф на хируршкиот оддел во Општа болница Куманово.

    Полесно повредените се лекуваат во Општата болница Куманово, а потешките случаи се препраќаат на клиниките во Скопје. Додека бевме во Ургентинот центар, за половина час дојдоа три лица со скршеници.

    Граѓаните се жалат дека се исчистени само тротоарите и улиците во тесното градско подрачје, додека во поширокиот регион се е заледено, поради што тешко се движат. Иако болницата е на само стотина метри од Општината, сите тротоари се заледени и неисчистени од снег.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира