ЌЕ ОСТАНЕ ТАЈНА КАКО ГРУЕВСКИ ИЗБЕГАЛ ОД МАКЕДОНИЈА, СИСТЕМОТ НА АЛБАНИЈА АВТОМАТСКИ ГИ ИЗБРИШАЛ СНИМКИТЕ ОД НЕГОВОТО БЕГСТВО

    ЌЕ ОСТАНЕ ТАЈНА КАКО ГРУЕВСКИ ИЗБЕГАЛ ОД МАКЕДОНИЈА, СИСТЕМОТ НА АЛБАНИЈА АВТОМАТСКИ ГИ ИЗБРИШАЛ СНИМКИТЕ ОД НЕГОВОТО БЕГСТВОЦрна Гора за само две недели преку меѓународна соработка на обвинителството за организиран криминал му достави снимки од камерите од нивните гранични премини од кои јасно се гледа дека Груевски во државата влегол од Албанија. - Азилантот Никола Груевски последен пат беше во Собранието на 7 ноември на седницата на Комисијата за уставни прашања (Фото: СДК.МК)

    Долгото чекање на снимките од безбедносните камери од граничните премини на албанска страна беше залудно. Државниот обвинител Љубомир Јовески денеска кажа дека не е постапено по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби на Албанија и дека до овој момент снимките од безбедносните камери во врска со бегството на осудениот експремиер Никола Груевски од Албанија не се обезбедени.

    На прашање дали албанската гранична полиција и обвинителството го одбиле нашето Обвинителство за организиран криминал да му ги дадат снимките од транзитот на граничните премини од Македонија кон Албанија во претпоставените денови на бегството на Груевски на 8, 9 и 10 ноември Јовески рече: „Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува“.

    На прашање дали албанските гранични служби ги имаат избришано тие снимки, Јовески рече дека одговорот не е оти биле избришани, туку дека уредот автоматски си работи така. За овдешните снимки од движењето на Груевски тој не кажа дали обвинителството располага конкретно со снимка од Груевски или не, туку само дека сите прибавени снимки обвинителството ги анализира. Тој додаде дека меѓународната помош е сложена операција која се остварува под посебни услови и дека нашето обвинителство направило сѐ по процедура, но дека резултатот е тој.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски набргу по бегството на Груевски рече дека проверени се снимките од сите гранични премини, особено кон Албанија, дека нема снимка на која се гледа како тој излегува критичните денови на регуларен граничен премин и оти нема никаков сомнеж дека кој било од нашите гранични служби е вмешан во помагање на неговото бегство кон Албанија. Дека е Груевски избеган преку Албанија потврда добивме од Црна Гора која за само две недели преку меѓународна соработка на обвинителството за организиран криминал му достави снимки од камерите од нивните гранични премини од кои јасно се гледа дека Груевски во државата влегол од Албанија и од Црна Гора излегол во Србија со лична карта до неговата крајна дестинација Унгарија, каде што добил азил.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира