На поп ѕвездата Шакира и се допадна сличноста на името на Џердан Шаќири со нејзиното, па го искористи вчерашниот гол на швајцарскиот фудбалер на Европското првенство во Франција да направи шега за своите 38,5 милиони следбеници на Твитер.
Иако Швајцарија на крајот загуби од Полска на пенали, акробатскиот погодок на Шаќири веројатно ќе остане како најубав на шампионатот и беше една од најспоменуваните работи на социјалните мрежи.
Колумбиската пејачка Шакира, поради сличноста на нејзиното име со Швајцарецот, се пошегува дека таа и Жерард Пике се единствена двојка што постигнала голови во историјата на европските првенства. Нејзиниот долгогодишен партнер Пике, со кого имаат два сина, постигна гол на првиот меч на Шпанија на Европското првенство против Чешка.
The first time in history that a couple both score goals in the Eurocup – Piqué and Shaquiri!!!
— Shakira (@shakira) June 25, 2016