НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ПАРИ ЗА ИЗБОРИ ЗА ОВАА ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ПАРИ ЗА ИЗБОРИ ЗА ОВАА ГОДИНА

    Намалувањето на буџетот на ДИК е затоа што засега нема предвидено датум за одржување избори, велат од Министерството за финансии по информациите дека со ребалансот на буџетот парите со кои располага Државната изборна комисија (ДИК) се намалуваат за 400 милиони денари, јави агенцијата Мета.

    Од повеќе од 531 милион денари на почетокот на годината, сега ДИК останува со буџет од речиси 104 милиони денари.

    „Кога се правеше и се усвојуваше буџетот за 2016 година, во Изборниот законик имаше датум за избори. Сега нема, и средствата се реалоцирани, но ако се закажат изборите третпат годинава, средства повторно ќе се обезбедат“, одговорија од Министерството на прашањето на Мета за причината за огромното кастрење на средства за ДИК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира