Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо доби дозвола од селекторот Фернандо Сантос да ја напушти репрезентацијата среде Европското првенство во Франција за да се сретне со бразилскиот супермодел Алесандра Амброзио.
Средбата се случи во еден од најлуксузните ресторани во Париз и беше овековечена на Инстаграм од бразилскиот ТВ-водител и нивни заеднички пријател Матеус Мацафера.
„Бразил и Португалија доминираат во Франција“, напиша Матеус покрај фотографијата.
Роналдо и Амброзио имаа заедничка фото сесија за „Џи-Кју“ пред неколку месеци, како комбинација на, според магазинот, двете најубави тела во светот.
Португалија во саботата ја победи Хрватска со 1:0 во осминафиналето на Европското првенство и веќе в четврток Кристијано Роналдо и соиграчите ги очекува дуел со Полска за влез в полуфиналето.
На четирите досегашни средби на турнирот во Франција, ѕвездата на Реал Мадрид постигна два гола и тоа двата против Унгарија во последниот натпревар од фазата на групи.