Велшкиот фудбалер Нил Тејлор купи карти за концертот на Бијонсе за да ја изненади сопругата Џина-Леа за нејзиниот роденден, но потоа се сети дека треба да игра против Белгија на Европското првенство во Франција.
„Купив карти за Бијонсе неделава. Ги купив за мојата сопруга за нејзиниот роденден. Само видов ‘Бијонсе во Кардиф’ и си помислив: ‘Тоа би било одлично’, без да го погледнам датумот. Тамам си реков дека имам обезбедено подарок за роденденот, картите дојдоа по пошта и видов дека концертот е на 30 јуни, а со Белгија играме на 1 јули”, раскажа велшкиот фудбалер, кој вели дека ќе ги даде картите на други фанови на американската поп пејачка.
Во осминафиналето, Велс ја победи Северна Ирска со 1:0 и в петок во Лил ќе игра против Белгија за место во полуфиналето на Европското првенство во Франција.