ЌЕ ГИ СТАВИМЕ САД НА НИШАН АКО РАСПОРЕДАТ ПРОЕКТИЛИ ВО ЕВРОПА, ИЗЈАВИ ПУТИН

    ЌЕ ГИ СТАВИМЕ САД НА НИШАН АКО РАСПОРЕДАТ ПРОЕКТИЛИ ВО ЕВРОПА, ИЗЈАВИ ПУТИНВо обраќањето во Федералното собрание, Путин кажа дека Русија ќе биде подготвена да се брани ако биде потребно (Фото: Ројтерс)

    Русија ќе им одговори на САД на секое распоредување на нуклеарни проектили со краток и среден домет во Европа, така што ќе ги стави на нашин не само европските земји во коишто се поставени, туку и самата Америка, се закани Владимир Путин.

    „Русија не бара конфронтација, ниту првата ќе распореди проектили, како одговор на неодамнешната одлука на САД да се повлечат од договорот за контрола на вооружувањето“, кажа рускиот претседател.

    Сепак, додаде тој, Русија жестоко ќе реагира на секое распоредување проектили и ја предупреди американската администрација добро да го пресмета ризикот пред да се реши на вакво нешто.

    „Нивно право е да размислуваат како сакаат. Но, дали знаат да пресметуваат? Се надевам! Нека ги пресметаат брзината и дометот на ракетните системи што ние ги развиваме. Русија ќе биде принудена да создаде и распореди оружје што ќе може да се употреби не само против државите од коишто доаѓаат директните закани, туку и против оние територии кадешто се носат одлуки“, кажа Путин.

    Обвинувајќи ја Москва дека постојано го прекршува, САД минатиот месец се повлекоа од договорот од 1987 година, кој забрануваше проектили земја-воздух со краток и среден домет, што требаше да ги спречи државите да развиваат ново оружје. Русија негираше дека не го почитува договорот и потоа и самата се повлече од него. Сепак, Путин кажа дека Русија нема да развива нови проектили, освен доколку САД не почнат први.

    „Сакаме добри односи со САД, но ќе бидеме подготвени да се браниме, ако биде неопходно“, додаде Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира