ГРУЕВСКИ ПРЕКУ МЕДИУМИ ЈА ПОВИКА ЈАВНОСТА ДА ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОСКА

    ГРУЕВСКИ ПРЕКУ МЕДИУМИ ЈА ПОВИКА ЈАВНОСТА ДА ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОСКАРускоска најави дека повторно ќе се бара екстрадиција на Никола Бошкоски од Грција. (Фото: К. Попов)

    Осудениот и избеган експремиер Никола Груевски е осомничен дека преку медиуми ја повика јавноста да излезе на улица и со тоа ја искористил функцијата лидер на политичка партија и ги ставил на располагање партиските средства и материјали, кажа Вилма Рускоска, шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Таа додаде дека Груевски бил во постојан контакт со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од синоќа се во притвор.

    На 26 февруари 2017, кога Зоран Заев изјави дека со 67 пратенички потписи следниот ден ќе оди кај Иванов да побара мандат за влада, Никола Груевски на интервју на Сител кое го водеше новинарката Славица Арсова ги повика граѓаните да не седат дома во папучи, а следниот ден почнаа протестите на „За заедничка Македонија“. (Фото: принтскрин од ТВ Сител) 

    „Н. Г. заедно со М. Ј. и со С. Р. бил во постојана релација со сите месни и општински организации на партијата и за тоа како докази се обезбедени голем број телефонски пораки“, изјави Рускоска на денешната прес-конференција.

    Во однос на Никола Бошкоски, таа кажа дека ќе биде побарано од надлежните власти во Грција тој да биде екстрадиран.

    „Помилувањето врз основа на кое претходно беше одбиено нашето барање, не важи за кривичното дело за кое тој беше осомничен вчера“, изјави Рускоска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира