ПРИТВОРЕНИТЕ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И СПИРЕ РИСТОВСКИ НАПАДНАТИ ВО ЗАТВОРОТ ШУТКА

    ПРИТВОРЕНИТЕ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ  И СПИРЕ РИСТОВСКИ НАПАДНАТИ ВО ЗАТВОРОТ ШУТКА Според извори од затворот Шутка и од Основниот суд Скопје 1, притворените Јанакиески и Ристовски биле нападнати од притвореник од случајот Диво Насеље, кој во исто време се нашол во дворот на Шутка за време на редовната прошетка (Фото: СДК.МК)

    Миле Јанакиески и Спире Ристовски, обвинет за повеќе предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но од синоќа во притвор во Шутка, како осомничени за организција на нападот на Собранието на 27 април 2017, денеска биле физички нападнат во затворот. Според извори од затворот Шутка и од Основниот суд Скопје 1, Јанакиески и Ристовски биле нападнати од притвореник од случајот Диво Насеље, кој во исто време се нашол во дворот на установата. Нападот се случил надвор, за време на редовната прошетка од 1 час што ја имаат притворените лица.

    Од затворот соопштија дека инцидентите настанале по вербални провокации од притворените М. Ј. и С. Р. кон две лица обвинети во случајот “Диво Насеље”.

    За евентуалните повреди и за тоа како се чувствуваат како и за причините за нападот врз Јанакиески и Ристовски, Кривичниот суд најави опфицијални информации за подоцна во денов.

    За Спире Ристовски, Миле Јанакиески (кои од синоќа се во притвор), Никола Бошкоски и Никола Груевски (кои се во бегство), и за Трајко Вељаноски обвинителката Вилма Рускоска побара мерка притвор во рамки на истрагата за организаторите и нарачателите на нападот на Собранието на 27 април 2017.

    Синоќа Трајко Вељаноски ја напушти канцеларијата на судијата на претходна постапка, кој не може да одлучува за негово евентуално притворање, бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира