ЕКСАМБАСАДОРОТ НА САД ВО МАКЕДОНИЈА ФИЛИП РИКЕР Е НОВ ПОМОШНИК-ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД

    ЕКСАМБАСАДОРОТ НА САД ВО МАКЕДОНИЈА ФИЛИП РИКЕР Е НОВ ПОМОШНИК-ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САДФилип Рикер ќе го замени Вес Мичел кој даде оставка, а на функцијата ќе стапи следниот месец.

    Филип Рикер, кој беше амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011, е новиот помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“ без да наведе извор. Според „Катимерини“, 54-годишниот Рикер ќе го замени Вес Мичел кој даде оставка, а на функцијата ќе стапи следниот месец. Рикер досега беше на функција во Европската команда на САД (ЕУКОМ) во Штутгард, каде е од 2017.

    Пред да биде амбасадор назначен од администрацијата на Џорџ Буш, во Македонија од 1997-99 беше во одделот за односи со јавноста на амбасадата на САД во Скопје. Од 2011 до 2013 беше заменик-помошник на државниот секретар, одговорен за европските прашања.

    Вес Мичел, кој даде оставка во јануари по 16 месеци на функцијата поради, како што објави, лични и професионални причини, беше активен при постигнувањето на Договорот од Преспа и дојде во Македонија пред референдумот за името.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира