СЕДНИЦАТА ЈА ПРЕКИНАВ ПОРАДИ ОДНЕСУВАЊЕТО НА МУХАМЕД ЗЕКИРИ И ЗАТОА ШТО ПОМИНА ПОЛНОЌ, КАЖА ЏАФЕРИ

    СЕДНИЦАТА ЈА ПРЕКИНАВ ПОРАДИ ОДНЕСУВАЊЕТО НА МУХАМЕД ЗЕКИРИ И ЗАТОА ШТО ПОМИНА ПОЛНОЌ, КАЖА ЏАФЕРИНоќеска, Џафери ја прекина собраниската седница 5 минути по полноќ и воопшто не се гласаше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, еден од шестемина осомничени за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека ноќеска ја прекинал седницата за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски затоа што истекло времето за носење одлука, но и поради однесувањето на пратеникот од мнозинството Мухамед Зекири.

    „Седницата е прекината затоа што одмина времето предвидено за носење одлука до 24.00 часот. Седницата е прекината поради однесувањето на пратениците, а посебно на пратеникот од мнозинството Мухамед Зекири. Што кажа, како кажа, мислам дека не е местото јас да повторувам. Во таква ситуација, обврска моја е да ја прекинам седницата“, изјави Џафери на прес-конференција во Собранието.

    На новинарско прашање за обвинувањата од пратениците Павле Богоевски и Мухамед Зекири дека го спасил Вељаноски од притвор, Џафери рече дека не го спасил ни Трајко Вељановски, ни никого, бидејќи одговорноста на пратеникот не може да се одбегне во соодветна судска постапка.

    Ноќеска, Џафери ја прекина собраниската седница 5 минути по полноќ и воопшто не се гласаше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, еден од шестемина осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал за нарачување и организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, и за него се бара притвор поради можност за бегство и влијание врз сведоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира