Универзитетскиот професорот и поранешен амбасадор Блерим Река денеска објави дека ќе биде претседателски кандидат на претстојните претседателски избори. Неговата кандидатура најавија дека ќе ја поддржат партиите Алијанса за Албанците и Движење Беса.
Река својата кандидатура ја објави на неговиот Фејсбук профил објаснувајќи дека решил да учествува на изборите поради две причини.
„Само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците ќе бидат само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика без да се влезе во политичко соочување не е доволно за да се промени ситуацијата. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците, а интелектуалците само пишуваат за историјата“, напиша професорот Река во својот Фејсбук профил.
За кандидатура на претседателските избори се потребни 10.000 потписи.