„ЌЕ ТИ СЕ НАЈДЕ ДА ГИ ИЗБРИШЕШ СОЛЗИТЕ“, ФЕТЕЛ ОДБИ ДА ПРИМИ ИТАЛИЈАНСКИ ДРЕС НА ПОДАРОК

    „ЌЕ ТИ СЕ НАЈДЕ ДА ГИ ИЗБРИШЕШ СОЛЗИТЕ“, ФЕТЕЛ ОДБИ ДА ПРИМИ ИТАЛИЈАНСКИ ДРЕС НА ПОДАРОК

    Германскиот возач во Формула 1 Себастијан Фетел одби да прими на подарок дрес од италијанската фудбалска репрезентација, пред вечерашниот дуел на Италија и Германија во четврт-финалето на Европското првенство во Франција.
    Водителка на „Скај Италија“ му го понуди дресот по денешните квалификации за Големата награда на Австрија, но ѕвездата на Ферари, која е голем фудбалски фан, не сакаше да го прими.
    „Подобро да го задржиш, ќе ти треба подоцна за си ги избришеш солзите со него“, и порача Фетел на италијанската водителка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира