МАРАДОНА ПРИЗНА УШТЕ ТРИ ДЕЦА ОД ТРИ РАЗЛИЧНИ МАЈКИ

    МАРАДОНА ПРИЗНА УШТЕ ТРИ ДЕЦА ОД ТРИ РАЗЛИЧНИ МАЈКИСите три деца се родени на Куба, кадешто Марадона често престојуваше од 2000 до 2005 година (Фото: Гети)

    Фудбалската легенда Диего Армандо Марадона призна дека е татко на три кубански деца, изјави неговиот адвокат. Педесет и осумгодишниот Марадона сега има осум деца, откако своевремено негираше дека има други деца освен со својата поранешна сопруга.

    „Марадона подоцна оваа година ќе оди во Хавана за да направи тестови за татковство и официјално да ги признае децата“, кажа адвокатот Матијас Морија.

    Децата, сите од различна мајка, ќе имаат право да го земат неговото презиме.

    Марадона помина неколку години во Куба од 2000 до 2005, каде што се лекуваше од зависноста од кокаин и притоа разви пријателство со сега покојниот лидер Фидел Кастро.

    Сега тренер на мексиканскиот клуб Дорадос де Синалоа, Марадона претходно тврдеше дека нема други деца освен ќерките Џанина (29) и Далма (31), што ги доби во бракот со Клаудија Вилафање, од која се разведе во 2003. По судската битка со нивните мајки, тој за свои деца ги призна и Диего Хуниор (32) и Јана (22), а од врската со Вероника Охеда има и шестгодишен син.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира