НЕМА ЗАЕВИЗАМ, ИМА ЗАВИДЛИЗАМ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА МАРШОТ НА ЖЕНИТЕ НА СДСМ

    НЕМА ЗАЕВИЗАМ, ИМА ЗАВИДЛИЗАМ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА МАРШОТ НА ЖЕНИТЕ НА СДСМТрадиционалниот Марш на жените по повод 8 Март го организира Форум на жени на СДСМ на чело со советничката на премиерот Цветанка Ласкова, а на маршот се приклучија и премиерот Зоран Заев и кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски (Фото: К. Попов)

    Неколку илјади жени членки на СДСМ, кои со автобуси од повеќе градови беа донесени во Скопје, денеска учествуваа на традиционалниот Марш на жените по повод 8 Март, што го организира партискиот Форум на жени на чело со советничката на премиерот Цветанка Ласкова. На маршот се приклучија и премиерот Зоран Заев и кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски.

    Ласкова кажа дека борбата за еднаквост меѓу мажите и жените продолжува, дека се горди што во Изборниот законик влезе 40 отсто квота за жени, а од вгодина ќе има 50 отсто жени во политиката (Фото: К. Попов)

    Ласкова кажа дека борбата за еднаквост меѓу мажите и жените продолжува, дека се горди што во Изборниот законик влезе 40 отсто квота за жени, а од вгодина ќе има 50 отсто жени во политиката.

    „Со Законот за прекин на бременоста е добиена битката одлуката за тоа да биде само на жената. Нашата држава влезе во земјите кои го искоренуваат семејното насилство како и со Законот за заштита од дискриминација ги унапредуваме родовите права”, рече Ласкова.

    Пратеничката Фросина Ременски меѓу учесничките на маршот донесени во Скопје од повеќе градови (Фото: К. Попов)

    Премиерот Заев говореше за успешните владините политики, меѓу другото и за еднаквост и рамноправност меѓу мажите и жените, а се осврна и на критиките од опозицијата и рече дека „нема заевизам, туку има завидлизам за успесите“. Тој го претстави Пендаровски како идниот претседател на државата и рече дека вчера им го честитал 8 Март на сите жени, како и на претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

    „Тоа е рамноправност, а рамноправност ќе биде и кога таа на 5 мај ќе му ја честита изборната победа на нашиот кандидат за претседател“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира