ПРИЈАВИ ДЕПОНИИ И ЃУБРЕ НА 075/316-515 – ОПШТИНА АЕРОДРОМ ИЗНАЈМИ МАШИНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ И ГО ДУПЛИРА БРОЈОТ НА СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ

    ПРИЈАВИ ДЕПОНИИ И ЃУБРЕ НА 075/316-515 – ОПШТИНА АЕРОДРОМ ИЗНАЈМИ МАШИНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ И ГО ДУПЛИРА БРОЈОТ НА СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИСо 10 специјални возила, односно метачки на смет и цистерни за миење на улиците секојневно ќе се интервенира низ целата територија.(Фото: Општина Аеродром)

    Општинa Аеродром ќе се чисти со 10 нови машини и двојно поголем број сезонски работници. Во рамките на новата организација за чистење на општината, ангажирана е механизација од приватна фирма со која ќе се чистат улиците, парковите, плоштадите и дивите депонии.

    „Со 10 специјални возила, односно метачки на смет и цистерни за миење на улиците секојневно ќе се интервенира низ целата територија. Дополнително се ангажирани и повеќе сезонски работници, односно бројот на извршители за одржување на пешачките патеки и јавната чистота се зголемува од 120 на 200 работници, со цел да се постигне поголема ефикасност во новиот начин на работа“, вели градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

    Идејата на оваа реформа, вели Марин, е поефикасно и побрзо решавање на проблемите со хигиената на општината, но и да се поттикнат самите граѓани да бидат свесни и да ги пријавуваат проблемите со кои се соочуваат, како и сметот и малите депонии во нивното опкружување.

    Општина Аеродром го отвори и телефонскиот број 075 316-515 на кој ќе може да се пријавуваат депонии и неисчистени улици или паркови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира