АНА ИВАНОВИЌ ДОАЃА ВО ФРАНЦИЈА ДА ГО БОДРИ РАЗОЧАРАНИОТ ШВАЈНШТАЈГЕР

    АНА ИВАНОВИЌ ДОАЃА ВО ФРАНЦИЈА ДА ГО БОДРИ РАЗОЧАРАНИОТ ШВАЈНШТАЈГЕР

    Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер побарал од Ана Ивановиќ да му даде поддршка од трибините во Марсеј на полуфиналниот натпревар против домаќинот Франција на Европското првенство.
    Српската тенисерка, која веќе две години е во врска со играчот на Манчестер Јунајтед и свадбата ја одложија токму поради Европското првенство, потврдила дека ќе присуствува на натпреварот в четврток, откако Швајнштајгер и се пожалил дека тешко му паднал промашениот пенал против Италија во четврт-финалето.
    Ивановиќ одмора на Мајорка по раната елиминација на Вимблдон и секој ден по неколку часа разговара со вереникот, но досега не беше на ниту еден меч на германската репрезентација на турнирот во Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира