НАСА ја откажа првата прошетка на женски тим во вселената, предвидена за 29 март, поради недостиг на соодветна облека за астронаутките.
Во почетокот на овој месец, НАСА објави дека Кристина Кох и Ен Меклејн ќе ја одработат првата женска мисија надвор од Меѓународната вселенска станица, која има за цел да се инсталираат нови батерии. Во минатото, ваквите мисии најчесто беа машки или со мешан состав.
НАСА соопшти дека планот сега е делумно изменет поради недостиг на облека за надворешни мисии. Само една комбинација со соодветна големина ќе може да се обезбеди до петок и ќе ја носи Кох. Меклејн беше на прошетка во вселената минатата недела, со што стана 13. жена која го извела тоа.
„Кох ќе биде 14-та. Меклејн ќе оди на следната прошетка, закажана за 8 април“, кажаа од НАСА.
Над 500 луѓе досега биле на вселенска прошетка и од нив, само 11% се жени, од кои првата беше Светлана Савицкаја пред 35 години.