Необичен колаж во дворот на парискиот музеј Лувр кратко беше изложен пред посетителите, пред тие да го исечат на ситни парчиња. Францускиот уметник со светска кариера Жи-Ар и 400 волонтери работеа на колажот кој во петокот беше поставен во чест на јубилејот, 30 години од поставувањето на стаклената пирамида пред Лувр. Во саботата Жи-Ар, чие вистинско име е Жан Ран, на Твитер објави фотографија од делото од 17.000 квадратни метри, кое од еден агол правеше да изгледа како пирамидата да е дел од голем бел каменолом, и ја повика публиката да дојде да го види.
Тие што дојдоа во неделата, учествуваа во уметнички перформанс на јавен простор, кинејќи ги 2.000-те хартии на ситни парчиња.
Некои вљубеници во уметноста не беа баш импресионирани, објавувајќи коментари на Твитер како „големо разочарување за прославата на 30-годишнината на пирамидата пред Лувр“ и „уметничкото дело на Жи-Ар беше помрачно од предвиденото“.
„Сликите, како и животот се кратки. Еднаш поставено, уметничкото дело продолжува да живее по својот терк. Ова е проект за присуство и отсуство, за реалност и сеќавања, за непостојаноста “, напиша Жи-Ар, еден од најпознатите светски улични артисти.