ПРИТВОРЕН ПОДМЕТНУВАЧ НА ПОЖАР ВО КРУШЕВСКО

    ПРИТВОРЕН ПОДМЕТНУВАЧ НА ПОЖАР ВО КРУШЕВСКОПолициски службеници од СВР Битола, го затекнале лицето Ѓ.Н. како подметнува пожар во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума. - Пожарот во ПреспанСкиот регион викендов. (Фото: СДК.МК)

    Едно лице е уапсено во село Врбоец, Крушевско за подметнување на пожар на отворено. На лицето Ѓ.Н. (19) му е одреден домашен притвор од 30 дена.

    Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи лицето Ѓ.Н. од полициски службеници од СВР Битола, бил затекнат како подметнува пожар околу 10.40 часот во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума.

    На 29 март уапсено за подметнување пожар беше 55-годишниот Б.С. од село Ботун, Општина Дебарца, кој го предизвикал пожарот на отворен простор при што целосно изгореле електричен столб сопственост на ЕВН и други предмети во приватна сопственост.

    Во првите три месеци годинава. МВР поднело осум кривични пријави за палење пожар на отворено односно за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира