Охридските комуналци викендов собраа околу 60 вреќи отпад што го фрлаат возачите од автомобилите на патот од Охрид кон Струга.
„Акцијата започна ран наутро, а во учествуваа 8 комунални работници. Расчистен беше и потегот кај автобуската постојка кај селото Подмоље до стариот пат Охрид-Струга. За жал, и овој пат подигнати се огромни количини пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад (околу 60 вреќи) расфрлани покрај коловозот и во тревните површини”, соопшти „Охридски комуналец“.
Минатиот месец, охридските комуналци собраа околу 200 вреќи отпад и од магистралниот пат Охрид-Свети Наум.
Д. ЧУБРИЌ