ПОНИШТЕНО РЕШЕНИЕТО НА КОМИСИЈАТА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, КОЈА СО ФАЛСИФИКУВАН ПОТПИС НА УМРЕНА НЕПИСМЕНА ЖЕНА ОДЗЕДЕ ИМОТ НА ТЕТОВЕЦ

    ПОНИШТЕНО РЕШЕНИЕТО НА КОМИСИЈАТА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, КОЈА СО ФАЛСИФИКУВАН ПОТПИС НА УМРЕНА НЕПИСМЕНА ЖЕНА ОДЗЕДЕ ИМОТ НА ТЕТОВЕЦНекој од Комисијата за денационализација во Тетово фалсификувал потпис на мајката на семјството Хусеини која била неписмена и се потпишувала со крст и во 2014 нивното земјиште останува државна сопственост. Сега постапката за денационализација почнува одново;- Скендер Хусеини кај одземената атрактивна локација во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за денационализација од Тетово, која со фалсификуван потпис од почината жена одби да им го врати замјиштето на нејзините деца, ја исправи грешката. На барање на Народниот правобранител, истата таа Комисија ја укина правосилноста на решението дека Скендер Хусеини и неговата сестра немаат право на нивното земјиште од 2.400 метри квадратни во ценарот на Тетово. Постапката за денационализација на бесправно одземен плац на семејството Хусеини почнува одново.

    Цели 15 години Хусеини талкаат по судовите за да си го вратат бесправно одземеното земјиште, а излегоа жртви на измама со тежок фалсификат од некој во Комисијата.

    „Странката починала во 2007 година. Правото на наследство на национализираниот имот во центарот на Тетово било на неколку наследници, на неа (мајката), на синот и ќерката. Додека трае постапката за денационализација, добивале известувања сите тројца. Во 2014 година, Комисијата за денационализација го одбива барањето за денационализација, а Решението ѝ го доставува само на мајката, која не била жива веќе 7 години. Некој од Комисијата дознал дека жената е почината. Синот и ќерката немаат поим што се случува“, вели Омбудсманот Иџет Мемети.

    Бидејќи била неписмена и пред да почине се потпишувала со отисок од прст, некој фалсификувал дека во 2014 Решението го примила мајката. Така, Комисијата за денационализација го решава случајот. На повратницата се појавил некој потпис. Решението со „потпис“ станува правосилно истата таа 2014 година, земјиштето останува во државна сопственост.

    Ова се случува во време кога министер за финансии бил Зоран Ставрески од ВМРО-ДПМНЕ. Комисиите за денационализација се под Министерството за финансии.

    Кога отишле Скендер и неговата сестра во Комисијата да прашаат до кај им е предметот, таму им кажале: „Па завршено е ова, одбиени сте и решението е правосилно“.

    Мемети очекува Обвинителството за организиран криминал по допрен глас да го истражи овој фалсификат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира