КОМИСИЈАТА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ФАЛСИФИКУВАЛА ПОТПИС НА УМРЕНА НЕПИСМЕНА ЖЕНА И ОДЗЕЛА ИМОТ НА ТЕТОВЕЦ

По претставка на синот и ќерката на починатата, кои дури сега дознале за овој криминал од 2014 година од комисиите кои се под Министерството за финансии, Народниот правобранител отвори постапка за случајот и поднесе посебен извештај до Владата и очекува по допрен глас Обвинителството да ги најде фалсификаторите и да ги изнесе пред суд

КОМИСИЈАТА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ФАЛСИФИКУВАЛА ПОТПИС НА УМРЕНА НЕПИСМЕНА ЖЕНА И ОДЗЕЛА ИМОТ НА ТЕТОВЕЦ„Ова се 2.400 метри квадратни кои поранешната држава му ги зела на моето семејство бесправно. Си го сакаме плацот назад, наш си е. Со години нè маткаат владини, финансиски, вакви, онакви комисии, судови, управни судови... А тоа да ти го украл некој од државата нашиот плац. Мајка ми се потпишуваше со прст, а тие фалсификувале дека божем примила решение со некоја шкртка, кобајаги потпис нејзин. Го затвориле случајот, ни го зеле за навек плацот. Правдата ќе ја барам до крај и некој ќе одговара за овој криминал“, вели револтирано Скендер Хусеини за одземената атрактивна локација во Тетово (Фото: СДК.МК)

Скендер Хусеини и неговата сестра од Тетово, кои над 15 години талкаат по судовите во борба со државата која не им го дава национализираното земјиште на атрактивна локација во градот, се жртви на криминал од Министерството за финансии, каде некој го фалсификувал потписот на нивната почината мајка. Некој од Комисијата за денационализација во 2014 научил дека жената чекајќи правда умрела во 2007. Некој го фалсификувал нејзиниот потпис, без да знае патем дека не била писмена и се потпишувала со отисок од прст.

По претставка на нејзините син и ќерка, кои дури сега дознале за овој криминал од комисиите кои се под Министерството за финансии, Народниот правобранител отвори постапка за случајот и поднесе посебен извештај до Владата. Омбудсманот Иџет Мемети очекува по допрен глас Обвинителството да ги најде фалсификаторите и да ги изнесе пред суд.

„Странката починала во 2007 година. Правото на наследство на национализираниот имот во центарот на Тетово било на неколку наследници, на неа (мајката), на синот и ќерката. Додека трае постапката за денационализација, добивале известувања сите тројца. Во 2014 година, Комисијата за денационализација го одбива барањето за денационализација, а Решението ѝ го доставува само на мајката, која не била жива веќе 7 години. Некој од Комисијата дознал дека жената е почината. Синот и ќерката немаат поим што се случува“, вели Омбудсманот.

Народниот правобранител Иџет Мемети реагира што комисиите за денационализација, односно Министерството за финансии ја користи правната неукост на странките, како што е овој случај со починатата жена и други случаи меѓу бројните претставки за денационализација што се поднесуваат кај него. Вели дека тоа е причината што министрите за финансии го ограничуваат Омбудсманот и сметаат дека не треба да знае кои се членови на Комисијата за денационализација, колкумина се и каков било податок за нив воопшто (Фото: СДК.МК)

Бидејќи била неписмена и пред да почине се потпишувала со отисок од прст, некој фалсификувал дека во 2014 Решението го примила мајката.Така, Комисијата за денационализација го решава случајот. На повратницата се појавил некој потпис. Решението со „потпис“ станува правосилно истата таа 2014 година, земјиштето останува во државна сопственост.

Ова се случува во време кога министер за финансии бил Зоран Ставрески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога отидовме со сестра ми во Комисијата да прашаме до кај ни е предметот, ни рекоа: Па завршено е ова, одбиени сте и решението е правосилно“, вели Скендер Хусеини.

Министерството за финансии на изиграните сопственици на земјиштето им вели: „Денационализацијата ви е одбиена со правосилно решение, немате право ни на неизградениот дел од плацот, а немате право ни на замена. Воопшто немате право веќе на тој плац!“.

По овој шок за фалсификатот, во ноември 2018 синот и ќерката на починатата сопственичка на имотот поднеле претставка кај Народниот правобранител.

Хусеини нè однесе на парцелата во центарот на Тетово до која е изградена градската Пожарна.

„Ова се 2.400 метри квадратни кои поранешната држава му ги зела на моето семејство бесправно. Си го сакаме плацот назад, наш си е. Со години нè маткаат владини, финансиски, вакви, онакви комисии, судови, управни судови… А тоа да ти го украл некој од државата нашиот плац. Мајка ми се потпишуваше со прст, а тие фалсификувале дека божем примила решение со некоја шкртка, кобајаги потпис нејзин. Го затвориле случајот, ни го зеле за навек плацот. Правдата ќе ја барам до крај и некој ќе одговара за овој криминал“, вели револтирано Хусеини.

Народниот правобранител се сомнева дека државата вака ги „решава“ предметите за денационализација за да ѝ остане имотот во нејзина сопственост и после тие атрактивни големи плацеви да ги продава. Тие се продаваат најчесто по банални суми, а разликата од фактичката цена која им ја плаќа купувачот, инвеститорот, властите ја ставаат в џеб. Сеедно дали профитот оди кај актуелната власт во тој момент преку Министерството за транспорт и врски, или преку властите во локалната самоуправа кај што е плацот.

„Кога отидовме со сестра ми во Комисијата да прашаме до кај ни е предметот, ни рекоа: Па завршено е ова, одбиени сте и решението е правосилно“, вели Скендер Хусеини (Фото: СДК.МК)

Народниот правобранител Иџет Мемети реагира што комисиите за денационализација, односно Министерството за финансии ја користи правната неукост на странките, како што е овој случај со починатата жена и други случаи меѓу бројните претставки за денационализација што се поднесуваат кај него. Вели дека тоа е причината што министрите за финансии го ограничуваат Омбудсманот и сметаат дека не треба да знае кои се членови на Комисијата за денационализација, колкумина се и каков било податок за нив воопшто.

„Првпат сега го спорат и правото Народниот правобранител да знае колку комисии Министерството за финансии има во Македонија“, реагира Мемети.

После долги преписки со Мемети, Комисијата за денационализација си ја признала грешката. И Владата се вклучила, зашто Мемети поднел Посебен извештај до Владата и така морале да му откријат колку комисии за денационализација има во Македонија, кои се членови по име и презиме и кој каква надлежност има.

Комисијата ја поништила клаузулата правосилност во овој случај, постапката за денационализација почнува одново.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали за овој фалсификат ќе одговара некој од комисиите за денационализација, Народниот правобранител вели: „Останува на Јавниот обвинител да реагира по допрен глас“.

Впечаток на Правобранителот е дека Министерството за финансии нема механизам за контрола – што им прават комисиите за денационализација на граѓаните, зошто се изживуваат со децении со нив. Прашањето, вели тој, е дали се воопшто квалификувани за таа работа, или ги диригираат министрите како да си играат со судбините на граѓаните, за да имаат атрактивни земјишта за продавање.

Повторно ескалира проблемот со невратените имоти на граѓани во процесот на денационализација. Кај Народниот правобранител Мемети на крајот на минатата и на почетокот на оваа година има наплив на претставки од оштетени сопственици на атрактивни земјишта, кои државата ги врти низ судски лавиринти по 15, 18, па и над 20 години, враќајќи им ги назад предметите со помош на судовите.

За некои од предметите за кои Народниот бранител постапува по претставки, добива одговор: „Предметот е изгубен“. Уште пострашно е што голем процент од првичните баратели чекајќи правда се умрени, предметите сега ги „преземаат“ помлади членови на семејствата, како што е случајот со оштетените Хусеини.

„Место комисиите за денационализација низ годините да бидат во континуитет, сите министри за финансии, кој како дојде да владее, си прават нови комисии. Тоа го прават за самоволие: кому да му вратат имот, кого да го изиграат. Сè се прави да ѝ остане имотот на државата“, остро реагира Народниот правобранител.

После долги преписки со Омбудсманот Мемети, Комисијата за денационализација си ја признала грешката. И Владата се вклучила, зашто Мемети поднел Посебен извештај до Владата и така морале да му откријат колку комисии за денационализација има во Македонија, кои се членови по име и презиме и кој каква надлежност има. Комисијата ја поништила клаузулата правосилност во овој случај, постапката за денационализација почнува одново, – Скендер Хусеини кај одземената атрактивна локација во Тетово (Фото: СДК.МК)

САКАМДАКАЖАМ.МК за овој случај и за проблемот со невратените национализирани имоти на стотиците граѓани кои чекаат правда и по 20 години, се обрати со прашања до министерот за финансии Драган Тевдовски, но тој не одговари на ниту едно.

САКАМДАКАЖАМ.МК до министерот Тевдовски ги достави следниве прашања:

1. Дали планирате да ги решите барањата за денационализација, меѓу кои има и такви кои се стари по 15, 18 и 20 години и кога?

2. Дали има средства во Буџетот, дали државата располага со адекватен имот на тој што им е одземен на оштетените граѓани, за да ги обештети, или како во претходните 2 децении, планирате и вие, односно Министерството, да ги обештети со земјишта од ниски категории, со т. н утрини, ниви или диви депонии, во замена за атрактивните плацеви во градски средини кои своевремено им биле национализирани на овие оштетени лица?

3. Бидејќи наскоро ќе се донесат измените со кои Управните судови ќе мора да донесат конечни одлуки и нема да може веќе да ги враќаат предметите за денационализација по 200 пати назад до комисиите, дали Министерството се подготвува за решавање на постапките за денационализација?

4. Ќе го повикате ли Обвинителството да испита кривична одговорност кај поранешни и сегашни членови на комисии за денационализација, за влечењето на овие предмети од 15 до 20 години, како и одговорност за сомневањата дека државата си ги присвојувала и продавала на тој начин атрактивните национализирани земјишта за своја корист, зависно од тоа кој бил низ годините на власт? Дали ќе се испитуваат злоупотреби кон граѓаните од страна на комисиите за денационализација низ годините и сега?

5. Дали знаете дека барајќи си го имотот назад 2 децении низ судските лавиринти, многу од барателите за денационализација се починати?

6. Кој ќе сноси одговорност за злоупотребите во постапките за денационализација?

С. К. ДЕЛЕВСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира