Кристијано Роналдо го пропушти најголемиот дел од победата од 1:0 на Португалија против Франција, но и покрај тоа беше најголема ѕвезда на финалето на Европското првенство во фудбал на „Стаде де Франс“ во Париз.
За мнозинството фудбалери, замената значи крај на натпреварот, бидејќи вообичаено се повлекуваат во соблекувалната и им се посветува малку внимание до крајот на дуелот. Сепак, кога најпознатиот португалски фудбалер беше изнесен на носилки во 25. минута од финалето, тоа беше далеку од крај за него. Напаѓачот на Реал Мадрид се врати на клупата со бандажирано колено и практично ја презеде улогата на селектор од Фернандо Сантос.
Постојано се движеше покрај аут линијата и им довикуваше на своите соиграчи во обид да ги мотивира да издржат без него. По регуларните 90 минути, кои завршија без голови, тој им делеше совети, а истото го направи и на паузата помеѓу двете продолженија. Тоа изгледаше се исплатеше, бидејќи со голот на Едер во 109. Минута, Португалија стана нов европски шампион.
Роналдо има европски титули со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но на клупско ниво. Вечерва, 31-годишникот за првпат стана европски шампион и со португалската репрезентација.