СÈ Е ПОД КОНТРОЛА, ОВА ДОБРО МЕ УПЛАШИ, ИЗЈАВИ КАСИЉАС ПО ПРЕТРПЕНИОТ СРЦЕВ УДАР

    СÈ Е ПОД КОНТРОЛА, ОВА ДОБРО МЕ УПЛАШИ, ИЗЈАВИ КАСИЉАС ПО ПРЕТРПЕНИОТ СРЦЕВ УДАРСостојбата на Касиљас се оценува како стабилна (Фото: Твитер)

    Прославениот шпански голман Икер Касиљас изјави дека „сѐ е под контрола“, откако вчера претрпи срцев удар на тренинг на Порто. Триесет и седумгодишниот Шпанец е стабилно, но неговата состојба ќе продолжи да се набљудува во болницата во Порто.

    „Ова добро ме уплаши, но мојата сила остана недопрена. Им благодарам на сите на убавите желби“, порача Касиљас од болничкиот кревет.

    Порто веднаш објави дека Касиљас доживеал акутен миокардичен инфаркт и дека веднаш бил превезен во болница.

    „Животот има чудни начини да нѐ потсети дека треба да славиме секој момент. За среќа, сѐ остана на стравот“, изјави сопругата на Касиљас, Сара Карбонеро.

    Касиљас забележа 725 настапи во 16-годишната кариера во дресот на Реал Мадрид, освојувајќи долга низа на трофеи, а во Порто се пресели во 2015 година. Со Шпанија беше светски и двократен европски шампион. Тој го продолжи договорот со Порто за уште една сезона, но нејасно е дали ова ќе значи крај на неговата кариера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира