Автобус кој превезувал навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички вечерва е каменуван близу хотелот „Хилтон“ во Аеродром, по дерби мечот со МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК
Сè уште нема детали за нападот, но неофицијално, на враќање од натпреварот врз автобусот се фрлени камења, а има и повредени кои се однесени со Брза помош.
Каменуваниот автобус е паркиран на раскрсницата меѓу улиците Орце Николов и Рузвелтова во Центар, каде се врши увид на полицијата.
МЗТ Скопје вечерва го победи Работнички со 85-63 (48-36), во мечот од шестата рунда во Суперлигата. МЗТ е прв на табелата во Суперлигата со скор 22-3, пред Работнички со 20-5.