И НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПЕНДАРОВСКИ ВО ДЕЛЕГАЦИЈАТА ЗА ПРЕЧЕК НА ПАПАТА ФРАЊО

    И НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПЕНДАРОВСКИ ВО ДЕЛЕГАЦИЈАТА ЗА ПРЕЧЕК НА ПАПАТА ФРАЊОПендаровски беше избран за нов претседател на државата пред два дена - Во делегацијата за пречек пред вилата Водно.(Фото: ПУЛ)

    Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски утрово беше дел од делегацијата која во вилата Водно го пречека папата Фрањо.

    Пендаровски беше избран за нов претседател на државата пред два дена. Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран ќе се одржи во недела на 12 мај. Пред пратениците Пендаровски ќе даде свечена изјава со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата.

    Покрај Пендаровски, дел од делегацијата беа и премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира