Кире Наумов, кој беше дополнителен заменик министер за финансии во Владата за спроведување избори е лицето од опозицијата за кој Ројтерс јави дека напиша писмо до инвеститорите да внимаваат при купување на македонската еврообврзница.
Наумов вечерва ни потврди дека тој од името на СДСМ испратил писмо до водечките светски медиуми специјализирани за бизнис, како што се Блумберг, Форбс, Томсон Ројтерс, СиЕнЕн, БиБИСи… и водечките банки заинтересирани да инвестираат во еврообрзницата, со предупредување дека издавањето на еврообврзницата не е законско и треба да бидат внимателни при купувањето.
Македонија го одложи издавањето на еврообврзницата поради тоа што денеска нагло почнала да расте каматата, откако инвеститорите пресметале дека може да е ризично вложувањето во обврзници во Македонија, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Таа утринава беше предвидена на 5 проценти со рок на доспевање од седум години. Но, покрај писмото, инвеститорите ги имале предвид и преговорите за нов политички договор кој е со гаранција на ЕУ и САД, како и бурните протести на Шарената револуција пред Министерството за финансии во понеделникот на 11 јули.
Кире Наумов, беше дополнителен заменик министер за финансии во Владата за спроведување избори.