„Еуролинк осигурување“ во саботата организираше еднодневна екскурзија со посета на селото Вевчани, како дел од активноста „Мапа на културата“, на која дојдоа 150 учесници.
Прошетката почна од сред село, додека водичот ја раскажуваше легендата за настанокот на селото. Легендата вели дека Вевчани е стара населба која ја основале браќата Калан и Алула. Тие биле примамени од убавината на Вевчанска река, па основале две населби, кои опстанале и до ден денес. Мијачките корени ги направиле вевчанци вредни и вешти градители, за што потврда се старите автентични македонски куќи кои пленат со својата убавина. Прошетката продолжи кон Вевчанските извори и приказната за надалеку познатиот Вевчански карневал, стар околу 1400 години.
Активноста „Мапа на културата“ за запознавање на вистинските вредности на нашата татковина се одвива преку рамките на Платформата зак орпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.