„Еуролинк осигурување“ по шести пат организира балетска школа, наменета за момиња и девојчиња на возраст од 7 до 12 години.
Пријавувањето ќе трае до 11 јуни, на електронската адреса: [email protected], со испраќање на податоците: фотографија на детето, возраст, висина, тежина, број на балетанки, информации за претходно балетско искуство и контакт-телефон од родителот.
„’Еуролинк’ балетската школа досега успешно воведе 210 деца во техниките на класичниот балет, а за некои од нив балетот стана нивна професионална определба и веќе ја посетуваат редовната настава во Државниот музички балетски училишен центар. Педесет девојчиња и момчиња во летниот период ќе ја следат наставата под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец во Националната опера и балет“, велат од компанијата.
Летната балетска школа ќе трае три недели, учесниците ќе бидат поделени во две групи, според возраста и претходното искуство. Часовите започнуваат од 19 јуни до 10 јули секој понеделник, среда и петок со почеток од 18 до 19 часот и од 19 до 20 часот, во просториите на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.
Селекцијата на пријавените кандидати ќе ја врши Божинов. Активноста е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност„Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која годишно реализира повеќеа ктивности од областа на културата, уметноста и образованието.