СЕ ОЖЕНИ ФУДБАЛЕРОТ МЕСУТ ОЗИЛ И ГО ВИКНА ЕРДОГАН ДА МУ БИДЕ КУМ

    СЕ ОЖЕНИ ФУДБАЛЕРОТ МЕСУТ ОЗИЛ И ГО ВИКНА ЕРДОГАН ДА МУ БИДЕ КУМОзил во март изјави дека го прашал Ердоган да му биде кум, што не беше добро прифатено во германската јавност (Фото: Ројтерс)

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше кум на свадбата на поранешниот германски репрезентативец Месут Озил, што се одржа во луксузен хотел во Истанбул. Триесетгодишниот Озил, кој има турски корени, се ожени со актерката Амине Ѓулсе по две години врска, една година откако објавија дека се свршени.

    На свадбата во хотелот „Фор сизонс“ на брегот на Босфор присуствуваше и Ердоган, со кого Озил се фотографираше во пресрет на Светското првенство во Русија, за што беше остро критикуван и подоцна го наведе како причина за повлекување од репрезентацијата на Германија, тврдејќи дека бил изложен на „расизам и непочитување од јавноста“. Ердоган се задржал на свадбата околу половина час.

    Озил во март изјави дека го прашал Ердоган да му биде кум, што, исто така, не беше добро прифатено во германската јавност.

    Тажни сме што Озил донесол такви одлуки“, изјави тогаш Хелге Браун, шефицата на кабинетот на Ангела Меркел.

    Сопругата на Озил, Амине Ѓулсе, е родена и порасната во Шведска и е поранешна Мис Турција, со 1,9 милиони следбеници на Инстаграм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира