Рафаел Надал ја продолжува својата доминација на Отвореното првенство на Франција, освојувајќи ја 12. титула, што е негов вкупно 18. гренд слем трофеј.
Во репризата на ланското финале, 33-годишниот Шпанец го совлада Австриецот Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1.
Тоа е трета едноподруго титула за Надал во Ролан Гарос, каде што ги има добиено сите финалиња во коишто играше, почнувајќи од 2005 година. Во меѓувреме, Ролан Гарос го имаат освоено само Роже Федерер (2005), Стен Вавринка (2015) и Новак Ѓоковиќ (2016).
„Сакам да му честитам на Доминик, и тој заслужи да ја освои титулата. Не можам да објаснам како се чувствувам сега, ова е сон. Првпат играв овдека во 2005 и никогаш не сум можел да замислам дека ќе бидам шампион и во 2019“, изјави Надал.