Претходниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, кој е познат по скандалот што потпиша сите членови на ДИК да земат неколку илјади евра бонуси покрај високите плати, конкурирал за управен судија.
Неговото име денеска беше прочитано на седницата на Судскиот совет, како еден од купот кандидати кои положиле компјутерски вештини и може да оди понатаму во изборот.
Членовите на ДИК, заедно со претседателот Чичаковски, си поднесоа оставки откако на 4 декември 2017, тогашниот американски амбасадор Џес Бејли откри дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори истата година, а претходно дополнителено добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година.
С. К. ДЕЛЕВСКА