Над 20 луѓе се повредени во Германија кога ги нападна човек со секира во воз, објавија германските медиуми. Во тек е полициска операција со хеликоптер во Хајдинсфелд, дел од Вурцбург во јужна Германија.
Засега има малку детали, а некои локални медиуми јавуваат за 21 повреден. Некои од повредените се во животна опасност.
Германската агенција ДПА вели дека полицијата не ги коментираше извештаите оти осомничениот напаѓач е убиен. Железничката линија меѓу Вурцбург-Хајдингсфелд и Охсенфурт е во прекин.