НЕМАМ ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА 7 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ БИЛЕ ПРОТИВ, СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ СТОЈАТ ЗАД ЗАКЛУЧОКОТ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    НЕМАМ ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА 7 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ БИЛЕ ПРОТИВ, СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ СТОЈАТ ЗАД ЗАКЛУЧОКОТ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВАко макар само една земја-членка беше против, немаше да имаме ваков заклучок на Советот на министри на ЕУ кој за мене е гаранција дека во октомври ќе биде донесена одлуката, а отворањето на поглавјата ќе почне во декември, вели Заев. (Фото: СДК.МК)

    Немаше да имаме ваков заклучок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, кој за мене е гаранција дека во октомври ќе биде донесена одлуката, а отворањето на поглавјата ќе почне во декември, ако макар само една земја-членка беше против, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека на вчерашниот состанок на Советот на министри седум земји-членки биле против отворање на претпристапните преговори за Македонија.

    „Немам таква информација дека седум земји членки биле против. Кога се носи одлука на ГАК (Совет за општи работи), односно на Советот на министри за надворешни работи, сто отсто или сите земји членки стојат зад тој заклучок. Заклучокот е апсолутна гаранција, која мене ми беше неопходна, а верувам и на сите граѓани. Ако, како што спомнуваат во заклучокот, временски неопходни периоди заради доцното објавување на извештајот, така се спомнува во извештајот, дека ќе биде октомври, и таму стои не подоцна од октомври“, рече Заев.

    Тој кажа дека заклучокот е всушност писмената формално-правна гаранција дека земјата ја има поддршката од Европската унија за почеток на преговорите и дека се надева дека и Советот на Европа следната недела ќе го потврди овој заклучок што го предлага Советот на министрите.

    „Со овој заклучок ја добивме писмената правно-формална гаранција. Разбирам дека во тек се изборите за Европскиот парламент, разбирам дека на секој парламент му треба време, како и на нашиот кога доставуваме материјали, соодветно време да донесат одлука, да размислат, да имаат дебата, го разбирам и Бундестагот и другите парламенти за оваа работа, но важно беше да добиеме еден ваков заклучок, кој утре ќе биде потврден и од Европскиот совет. Нема можност ГАК да донесе ваква одлука ако макар само една земја членка била против“, рече Заев.

    Прашањето за Заев дојде откако дел од медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ го цитираа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кој на Твитер објави дека 7 земји во Советот гласале против датум за Македонија ,а тврдењето го поткрепи со принтскрин од текст во „Фајненшал тајмс“. Но, се откри дека Милошоски манипулира, оти споделил стар текст објавен на 29 април 2019.

    Министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, денеска по средбата во Скопје со министерот Никола Димитров потенцираше дека ниту еден министер за надворешни работи на земјите членки на ЕУ не кажал „не“ за Македонија на вчерашниот Совет.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира