АКТИВИСТИТЕ НЕ ДОЗВОЛИЈА РАБОТНИЦИ ПЛАТЕНИ ОД „ЕУРОМАКС“ ДА РАБОТАТ НА МЕСТОТО ПРЕДВИДЕНО ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА

    АКТИВИСТИТЕ НЕ ДОЗВОЛИЈА РАБОТНИЦИ ПЛАТЕНИ ОД „ЕУРОМАКС“ ДА РАБОТАТ НА МЕСТОТО ПРЕДВИДЕНО ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦАРано утрово состојбата се наелектризира, откако на планината Огражден се појавија и локални жители ангажирани од компанијата „Еуромакс“ со договор на дело за да помогнат при истражувањата на струмичките археолози. Полицијата нив ги стопираше на стотина метри од активистите кои блокираат 4. ден, за да не дојде било каков судир и физички контакт (Фото: Активисти против рудникот Иловица-Штука)

    Четврти ден активистите против рудници не дозволија археолозите од Завод и Музеј Струмица да заминат на истражување на просторот каде што е планиран да се гради рудникот Иловица-Штука. Сtравуваат дека со археолошките истражувања се отвoра вратата за изградба на рудник, кој според нив ќе донесе колпас во струмичката котлина. Рано утрово состојбата се наелектризира, откако на планината Огражден се појавија и локални жители ангажирани од компанијата „Еуромакс“ со договор на дело за да помогнат при истражувањата на струмичките археолози. Полицијата нив ги стопираше на стотина метри од активистите за да не дојде било каков судир и физички контакт.

    „Сакам да истакнам дека нема две групи, има народ кој не сака рудник и има компанија која плаќа да дојдат овде луѓе за да се создаде вештачка слика дека има две групи граѓани – за или против“, рече активистот против рудници Крум Велков.

    „Тој рудник нема ништо да направи ниту пак да ја стопира миграцијата, ниту пак да донесе корист. Тој ќе биде краткотрајна атомска бомба која за одредено време ќе уништи сè што има овде. После може да се сликаме само“, изјави Ило Малинов, жител на Штука кој беше во групата која четврти ден не им дозволуваат на археолозите да заминат да вршат археолошки истражувања.

    Меѓу активистите против рудници и групата граѓани кои сакаа да работат оти биле ангажирани од „Еуромакс“ дојдоа и градоначалниците на Босилово и Ново Село Зоран Зимбаков и Никола Андонов, на чии територии треба да никне рудникот. Тие ги сослушаа нивните ставови и кажаа ќе биде пренесено на централата власт, а од Владата ќе бараат да се изјасни за овој рудник.

    „Ситуацијата може да ексалира бидејки има две поларизирани групи. Ние ќе ги пренесеме вашите ставови до Владата оти ние како општини немаме ингеренции да одлучуваме за тешка и загадувачка индустрија. Владата е таа што треба се изјасни. Ние како градоначалници не можеме да бидеме имуни на состојбите и застануваме на ваша страна, на мнозинството на граѓаните“, кажаа градоначалниците Зимбаков и Андонов.

    Групата граѓани што сакаа да заминат на ископувања тврдат дека тие сакале работат но биле спречени веќе четврти ден.

    „Ние сме работници кои сакаме да работиме и да заработиме и на семејствата да однесеме парче леб. Не е во ред некој да нè спречува од кариеристи и платеници“, кажа Жарко Ристов.

    Владата уште се нема изјаснето за овој рудник, иако како што велат активистите концесијата за „Еуромакс“ е одамна истечена. Струмичкиот музеј ангажиран од компанијата „Еуромакс“, од први јуни почна со археолошки истражувања на просторот каде треба да се гради рудникот за да утврди дали има било какво културно наследство. Активистите против рудници преку градоначалниците упатија порака до Владата дека ако во најкус можен рок не го раскине договорот со „Еуромакс“ нивните блокади и протести ќе се радикализраат.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира