НОВОЗЕЛАНЃАНИ ВО ИДНИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ГЛАСААТ И ВО СУПЕРМАРКЕТИ И ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ

    НОВОЗЕЛАНЃАНИ ВО ИДНИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ГЛАСААТ И ВО СУПЕРМАРКЕТИ И ТРГОВСКИ ЦЕНТРИНов Зеланд го прилагодува гласањето на дневните обврски и активности на гласачите

    Освен што ќе можат да купат леб и млеко, Новозеланѓани на следните парламентарни избори ќе можат и да гласат во супермаркет.

    Тоа го дозволува новиот изборен закон, кој овозможува поставување гласачки кутии и на прометни места, како трговски центри и супермаркети. Освен тоа, гласачите во ист ден ќе можат и да се регистрираат и да гласаат.

    Еден од пет луѓе со право на глас не излегол на изборите во 2017 година, кога за премиер беше избрана Џесинда Ардерн. Новите измени на изборниот закон имаат за цел да мотивираат повеќе Новозелаѓани да гласаат.

    „Со поставување на гласачки кутии во супермаркети и трговски центри, на луѓето ќе им се направи гласањето полесно. Важно е тие да се постават на места кадешто луѓето секојдневно се движат и со тоа да го прилагодиме гласањето на нивните дневни обврски и активности“, вели министерот за правда Ендрју Литл.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира