Милијардерот Доналд Трамп ја обезбеди номинацијата на Републиканската партија да се кандидира на претседателските избори во САД по неколкумесечната контроверзната кампања.
На националната конвенција што се одржува во Кливленд, делегатите со гласање го избраа Доналд Трамп да биде кандидат на Републиканската партија за претседател на САД.
Трамп официјално треба да ја прифати номинацијата в четврток.