ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ, ПРОВЕРКА НА ДОГОВОРЕНОТО ДО 31 АВГУСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ, ПРОВЕРКА НА ДОГОВОРЕНОТО ДО 31 АВГУСТ

    Преодна влада сто дена пред избори, суспендирање на новите измени во Законот за МВР, лидерска средба до крајот на август, прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите се дел од конечниот договор што политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино го постигнаа денеска по неколку рунди преговори.

    -Имам добри вести, политичките партии постигнаа договор една година по Договорот од Пржино. Се надевам дека овој договор ќе одреди пат за кредибилни избори на кои ќе учествуваат сите и ќе бидат признаени од сите политички партии. Договорот предвидува прочистување на избирачкиот список, мерки за побалансирано известување, преодна влада сто дена пред избори. Лидерите на политичките партии ќе се сретнат до 31 август за да ја проценат состојбата и да донесат конечен договор за датумот за избори. Партиите се договорија да ги спроведат итните реформски приоритети за продолжување на евроатлантската интеграција на Македонија – рече амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

    Радмила Шекеринска од СДСМ вели дека Законот за внатрешни работи кој бил камен на сопнување на изборите ќе биде одложен до следната година.

    -Овој договор обезбедува услови, Република Македонија да заврши со оваа криза која ни одзема многу време и енергија и ќе овозможи кредибилни избори. Нашата цел да имаме министер за внатрешни работи кој ќе ги има ингеренциите и моќта за одговорност на крај ја исполнивме – изјави Шекеринска.

    За Артан Груби од ДУИ, проценката дали има услови за избори ќе се направи во август кога лидерите на четирите политички партии ќе имаат средба и ќе договорат датум за избори.

    -По завршување на мандатот на пржинската влада прв пат во историјата на Македонија министер за внатрешни работи ќе биде Албанец, кој ќе има мандат до формирањето на новата влада – рече Груби.

    Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е задоволен од постигнатиот договор затоа што народот ќе одлучи на кого ќе му ја даде довербата. Тој рече дека министерот за внатрешни работи може да направи 15 смени во менаџерските структури на МВР и да смени 10 отсто по хоризонтална линија на раководни лица. Тој информираше дека 171 илјада избирачи ќе бидат ставени на посебен избирачки список и лицата ќе бидат обележани со ѕвездичка, а 39 илјади ќе имаат обврска да се пријават во Државната изборна комисија и ќе бидат предмет на дополнителна проверка.

    -Тоа што го бараше СДСМ го прифативме, но тоа што ќе се види е дека е едно добро смислено алиби за да нема избори во Македонија. Се надевам дека овојпат СДСМ ќе се држи до договорот и нема повторно да бара измени и повторно да избега од избори. Знам дека ќе соберат храброст да се соочат со граѓаните и дека ќе дозволат народот да одлучи кој ќе ја води оваа држава – изјави Тодоров.

    Според Имер Алиу од ДПА од принципиелни причини не прифатиле учество во преодната влада.

    -Силните меѓународни гаранции се доволна причина за нас да веруваме дека еднаш и засекогаш кај албанскиот дел ќе завршат манипулациите со изборите и полнењето на кутиите. Со учество во овие преговори спречивме масовно бришење на Албанците од избирачките списоци. Ние не ја прифативме понудата да бидеме дел од идната влада, затоа што таа е неадекватна за учество на албанската опозиција во неа. Трите партии кои ќе бидат дел од таа влада ќе ја носат целата одговорност за исполнување на овој договор – рече Алиу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира