Според видео што се појави во медиумите, еден од напаѓачите во Минхен е снимен на покрив од зграда и вика: „Јас сум Германец“, и зборува за некаков третман. Не е јасно дали станува збор за медицински третман или тој тврди дека е жртва на некаков третман.
Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ објави дека полицијата смета оти нема индикации дека се работи за исламски терористички напад и замоли да нема шпекулации. Не се знае ни дали станува збор за напад од група на екстремната десница.
Најмалку шетмина загинаа, а тројца се повредени се повредени при пукањето во трговски центар во Минхен, потврди полицијата и рече дека нападот го третира со сомнеж за тероризам. Полицијата потврди дека има тројца напаѓачи со оружје, и ги повика граѓаните ако имаат снимки и фотографии од нападот да ги испратат.
Според непотврдени извештаи, едниот напаѓач се самоубил пукајќи си во глава.
Засега никој не е уапсен, напаѓачите се во бекство, а акцијата на полицијата е во полн ек, и сите расположиви полициски сили – специјалците, федералната полиција и онаа од соседните општини, па дури и од Австрија – се на теренот. Полицијата ги предупреди жителите да се тргнат од главниот автопат близу Минхен.
Нападот почнал во ресторанот „Мекдоналдс“ во трговскиот центар, околу 18 часот. Вооружен маж трчал низ трговскиот центар и пукал на луѓето, по што тој побегнал кон подземната железница, вели очевидец. Пукање имаше и во метро станицата Стахус во центарот на Минхен, на околу 3 километри од трговскиот центар, а се евакуира и главната железничка станица.
Областа околу трговскиот центар Олимпија – Ајнкауфцентрум (ОЕЗ) е блокирана. Ова најголемиот трговски центар во Баварија. Хеликоптери го надлетуваат трговскиот центар, а на работниците им е забрането да ги напуштат продавниците.
Инаку, денеска е 5-годишнина од терористичкиот напад во Норвешка што го изведе екстремниот норвешки десничар Андрес Брејвик, во кој загинаа 77 млади луѓе.