„НЕ ЈА ДРЖАМ РЕДОВНО ЛИЛЕ ПОД КОНТРОЛА,“ СЕ СЛУША ЖЕНСКИ ГЛАС НА ИНТЕРФОН ВО РАЗГОВОР СО КАМЧЕВ И БОКИ 13 ВО НОВИ СНИМКИ

    „НЕ ЈА ДРЖАМ РЕДОВНО ЛИЛЕ ПОД КОНТРОЛА,“ СЕ СЛУША ЖЕНСКИ ГЛАС НА ИНТЕРФОН ВО РАЗГОВОР СО КАМЧЕВ И БОКИ 13 ВО НОВИ СНИМКИ„Он се плаши од Лиле“, вели Боки 13, а Орце реагира: „Не се плашам бе“ - обвинителката Лиле Стефанова и нејзината шефица Катица Јанева. (Фото: СДК.МК)

    Трето продолжение од серијалот за случајот „Рекет“ беше објавено во дигиталното издание на италијанскиот весник „Ла верита“, во кое се постирани снимки каде што повторно се слуша гласот кој наводно е на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

    Во едниот разговор помеѓу осомничениот во предметот „Империја“ Орце Камчев и Бојан Јовановски-Боки 13, најверојатно на интерфон е вклучен трет соговорник. Орце Камчев му кажува на Боки 13 дека му треба пасошот за „да оди до Турција да заврши некоја работа’.

    Третиот, женски глас, кој се слуша по интерфон се јавува со: „Другото јас сè го држам под контрола“, на што Боки 13 вика: „Не, он се плаши од Лиле“, на што Камчев реагира „Не се плашам бе!“, по што женскиот глас додава: „Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

    Најверојатно станува збор за обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот на СЈО „Империја“.

    Потоа во друга снимка, Камчев му ѕвони на Бојан 13 и се жали дека СЈО пуштило покани за 8 души, меѓу кои „братот на Ана“ (најверојатно братот на сопругата, н. з.), „Миро, МПМ“(најверојано управителот на Графички центар Скопје, н. з.) Од другата страна на линијата Боки 13 е со некое женско лице и ја потпрашува, а таа објаснува дека тие се сведоци, а не осомничени.

    Потоа Бојан му објаснува: „Подобро заради постапката за да пројде сè за на крај да биде силна спогодбата“, на што повторно го прашува женското лице: „Имаш нешто да додадеш?“, а таа одговара: „За малку активности да има во април“.

    Орце Камчев додава: „Добро, значи техничко прашање, така?“, а Боки 13 одговара: „Така е!“, на што Камчев дополнува: „Шминка, шминка…“

    Боки 13 во разговорите со Камчев постојано ја истакнува својата блискост со премиерот и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка, пишува „Ла верита“ и објавува слика од Инстаграм профилот на Боки со Зоран Заев.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира