Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека преговарала со Орце Камчев да стане соработник-сведок во нова предистрага на СЈО и објаснува дека таквите преговори често се одвиваат преку посредници, во изјава објавена на сајтот на СЈО во врска со денешните објавени разговори на Боки 13 и Камчев за случајот „Рекет“.
„Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители“, вели Јанева.
- „НЕ ЈА ДРЖАМ РЕДОВНО ЛИЛЕ ПОД КОНТРОЛА,“ СЕ СЛУША ЖЕНСКИ ГЛАС НА ИНТЕРФОН ВО РАЗГОВОР СО КАМЧЕВ И БОКИ 13 ВО НОВИ СНИМКИ
- ЈАНЕВА БАРАШЕ ДА ЗАПРАТ „ИМПЕРИЈА“ И „ПОШТЕНСКА БАНКА“ БЕЗ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ, СО ВРАЌАЊЕ ПАРИ НА ДРЖАВАТА, ТВРДИ ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА
- ОБВИНИТЕЛКАТА ОД СЈО ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ПОВИКАНА НА СВЕДОЧЕЊЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО ВТОРНИК, ПО НЕА ЌЕ СЕ СОСЛУШУВА КАТИЦА ЈАНЕВА, ДОЗНАВА САКАМДАКАЖАМ.МК
- ЈАС СУМ ОБВИНИТЕЛ И КОГА РАЗГОВАРАМ СО ОСОМНИЧЕНИ ПО ТЕЛЕФОН, ЗА ИЗЈАВАТА ИМАШЕ ОПРАВДАНА ПРИЧИНА, ВЕЛИ ЈАНЕВА ЗА СНИМКАТА СО КАМЧЕВ
Таа тврди дека во интерес на предистрагите и истрагите кои ги води СЈО повеќе пати разговарала со разни лица, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.
„Во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Јавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници“, вели Јанева.
Специјалната обвинителка ги повика истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на нејзиното име.