ЗДРАВСТВЕН ДОМ ОХРИД ДОБИ НОВА АМБУЛАНТНА КОЛА И 16 НОВИ ВРАБОТЕНИ

    ЗДРАВСТВЕН ДОМ ОХРИД ДОБИ НОВА АМБУЛАНТНА КОЛА И 16 НОВИ ВРАБОТЕНИЗдравствен дом Охрид го набави новото амбулантно возило со сопствени средства. (Фото: Министерство за здравство)

    Здравствен дом Охрид набави ново амбулантно возило и има 16 нови вработени. Од Министерството за здравство велат дека возилото, кое е опремено со комплетна медицинска опрема, Здравствен дом Охрид го набави со сопствени средства, а вкупната вредност е 4,6 милиони денари.

    „Во оваа установа во изминатиот период на неопределено време вработени се осум лица, а осум на определено, на кои во периодот што следува ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време“, велат од Министерство за здравство.

    „Работиме на унапредување на примарната здравствена заштита, со подобрување и обновување на медицинската опрема и возниот парк на Итната медицинска помош. Со ова возило ќе ја подигнеме ефикасноста на примарната здравствена заштита, особено во летниот период кога во нашиот град има зголемен број туристи“, вели директорката на Здравствен дом Охрид Ајсел Зејноска.

    Од Министерство за здравство велат дека е набавено уште едно патничко возило за патронажната служба, работни униформи, обувки, и два ЕКГ апарати, стоматолошки стол, стерилизатор, апарати за крвен притисок и поголем број стетоскопи.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира